Манчестер јунајтед претрпе шокантен пораз од Кристал палас со конечни 1-2. Дуелот од второто коло во Премиер лигата кој се одигра на „Олд трафорд“, приреди изненадување за неутралните навивачи. Црвените ѓаволи цел еден час беа во негатива откако Ају ја затресе мрежата на Де Хеа во првото полувреме, а младиот Даниел Џејмс во 88-та минута го израмни резултатот.
Но, иако се очекуваше реми, еден контра-напад на гостите во третата минута од судиското надополнување беше фатален за Јунајтед, а Ван Анхолт ја смести топката зад грбот на Де Хеа. Домаќините можеа да го сменат текот на натпреварот доколку ударот на Рашфорд од белата точка во 69-тата минута завршеше во мрежата, но тој промашен пенал на крајот се покажа како кобен за Црвените ѓаволи.
Последен пат Кристал палас славеше на „Олд трафорд“ во далечната 1989 година, вредеше чекањето да се прекине тридеценискиот пост.
Oстанати резултат од второт коло во ПЛ:
Брајтон 0-2 Саутхемптон
Шефилд јунајтед 1-2 Лестер сити
Ватфорд 1-3 Вест хем