Главната цел на Барселона ова лето беше Нико Вилијамс. Фудбалерот на Атлетик Билбао беше пред преселба на „Камп Ноу“, но трансферот пропадна во последен момент, бидејќи менаџерскиот тим на фудбалерот барал гаранции дека тој ќе биде регистриран, а „каталонците“ обвинуваа дека главна улога одиграл и претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, кој според нив пренел информации кои не смеел.
Сепак, Барселона успеа во намерата да го ангажира Маркус Рашфорд, кој за разлика од Нико Вилијамс, не барал никакво гаранции за регистрација, едноставно сакал само да потпише за „каталонскиот“ гигант.
Навивачите на Барселона се воодушевени од овој потег на Англичанецот, а медиумите од Каталонија ова го пренесуваат како голема „шлаканица“ за Нико Вилијамс, кој јавно изјавуваше дека сака трансфер кај „каталонците“, но на крајот тоа се покажало дека не е безусловно.