Шмајхел има урнебесен одговор на вечната желба на Англичаните за европски пехар

Каспер Шмајхел има урнебесен одговор на вечната желба на Англичаните за европски пехар и на прашање на новинарите одговори со прашање.

„Веројатно сте свесни дека вие сте претпоследната пречка за фудбалот да пристигне дома. Што можете да сторите да го спречите тоа?”, беше прашањето на англиски новинар до првиот голман на данската репрезентацијата.

Шмајхел на голот ќе ја предводи данската репрезентација во полуфиналето против Англија на „Вембли“ утре од 21 часот, а одговори експересно.

„Дали некогаш пристигнал дома? Дали некогаш сте освоиле нешто?”, одговори со контра Шмајхел.

Песната за Трите лава е многу интересна и сугерира на тоа дека Англија е колевка на фудбалот и во неа најпознатите зборови се „дека фудбалот се враќа дома“ со сугестија дека трофејот ќе пристигне каде што припаѓа.

Досега Англичаните немаат ниту една европска титула и освоија само една светска круна во 1966 година, што е премалку за фудбалска велесила и земја што честопати знае да се фали дека е колевка на фудбалот.

Данска беше европски првак во 1992 година, кога како замена влета на турнирот во последен час на местото на тогашна Југославија и успеа на сензационален начин да го освои пехарот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести