Данскиот голман Каспер Шмајхел е најзаслужен што Данска не е во резултатска негатива по првото полувреме на пресметката со Тунис на Светското првенство во Катар.
Шмајхел имаше одлична интервенција во финишот на првиот дел и резултатот остана 0-0. Претходно Шмајхел беше и совладан, но голот на Тунис беше поништен поради офсајд.
Тунис досега има играно 15 меча на Мундијалите, а на 14 од нив примаа барем еден гол. Само еднаш во 1978 година успеаја да ја зачуваат мрежата, сега се на 45 минути од повторување на подвигот.
https://twitter.com/i/status/1595051613609414656