20.8 C
Skopje
петок, 5 септември 2025

Шмајхел се потсети на историскиот успех: „На ЕП 1992 игравме и за Југославија!“

Репрезентацијата на Данска дојде до сензационален трофеј од Европското првенство во 1992 година, но тие воопшто немаа обезбедено пласман на шампионатот. Квалификациите ги завршија на второто место, веднаш позади Југославија, па непосредно пред почетокот на првенството добија покана да учествуваат.

Легендарниот дански голман, Петер Шмајхел, се потсетува на учеството и на титулата на првенството во Шведска.

„Сезоната беше завршена, сите се подготвувавме да одиме на одмор. Никој од нас не размислуваше за Европското. Тогаш се појавија гласини дека Југославија може да не учествува. Искрено, тоа не го посакувавме – ниту за нас, ниту за нив. Имаше премногу тага во таа приказна. Но кога се случи, моравме да отидеме и да дадеме се од себе. 0-0 против Англија на првиот меч ни даде самодоверба. Потоа се беше авантура. Беше тешок, бидејќи бевме сместени во хотелот во кој требаше да биде репрезентацијата на Југославија. Чувствувавме дека играме и за нив, а не против нив. Кога го освоивме првенството се чувствувавме како да го направивме тоа заедно – Данска и Југославија.“ – вели Шмајхел.

- Оглас -

Најнови вести