Ракометарот на екипата на Бутел од Скопје, Денис Тот, од вчера се бори за живот во една од скопските клиники. Хрватскиот интернационалец кој има 27 години се наоѓа во тешка состојба откако во болницата бил донесен со тешки телесни повреди.
Од полицијата уште нема официјални информации што точно се случило за Тот така да настрада, но неофицијално се работи за тепачка, во која ракометарот на Бутел бил претепан со удирање од тврди предмети.
Братот на Денис, Борис Тот, кој исто така игра ракомет, вели дека целото семејство е во шок по ваквата информација и дека неговите родители веќе се тргнати кон Скопје за да видат во каква состојба е Денис.
„Родителите се на пат кон Скопје, но немаме многу информации за тоа што точно се случило“, вели братот Борис во изјава за за хрватскиот „Вечерњи лист“.