Шок и тага на „Бомбонера“: Бока јуниорс остана без Копа Либертадорес, во очај ги фрли 41-годишен ветеран (Видео)

Фудбалерите на Алијанц Лима приредија оггромно изненадување откако успеаја да го елиминираат аргентинскиот гигант Бока јуниорс во квалификациите од Копа Либертадорес.

Перуанскиот тим имаше предност од 1:0 по првиот меч на домашен терен, а утрово на легендарната „Ла Бомбоњера“ успеа да им одолее на нападите на фаворитот и на крајот оди во елитното јужноамериканско натпреварување.

Бока поведе со гол само по пет минути игра, но гостите од Перу израмнија во 19-тата минута. Голот за Алијанц Лима го постигна 41-годишниот Ернан Баркос, кој некогаш беше и играч на Црвена ѕвезда.

Во второто полувреме Бока стигна до 2:1 и во вкупниот биланс резултатот беше 2:2, па мораше победникот да се решава на пенали. Бока во 90+7 минута промаши стоостотна шанса, и тоа преку Единсон Кавани, за 3:1, што ќе значеше и вкупна победа на аргентинскиот гигант.

Во пенал-рулетот први шутираа гостите и ги погодија сите пет пенали. За Бока киксираше Веласко во последната петта серија, што значеше и радост за гостите од Перу.

- Оглас -

Најнови вести