Крилниот напаѓач на Челзи, Украинецот Михајло Мудрик, откако неодамна доби формални обвиненија за користење допинг (двата примероци му беа позитивни) и чека пресуда, а доколку употребата на допинг од страна на Мудрик биде официјално потврдена, тој се соочува со дисквалификација и до четири години.
Изненадувачки стигнаа информации Мудрик со неговите идни планови. Украинскиот фудбалер изразил желба да стане спринтер и да се натпреварува на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година, претставувајќи ја украинската репрезентација.
Мудрик веќе активно работел во оваа насока и тренирал со поранешни олимпијци.
Тој не смее ни да тренира со тимот на Челзи, па тренира индивидуално и е подготвен да се врати на теренот во секое време, ако бидат отфрлени обвиненијата.