Колумбискиот дефанзивец Хуан Кабал од Верона се пресели во Јувентус.
Ова е шокантен трансфер кој ги разбуди фудбалските духови во Италија затоа што Кабал имаше устен договор со Интер, сите детали беа договорени завчера, за официјализација се чекаше само потврда од сопствениците на актуелниот италијански првак.
Јуве ќе плати 11 милиони евра отштета и евентуално уште 3,8 за бонуси. Пресвртот се случил вчера, а договорот е на пет години.
Овој 23-годишен фудбалер, кој е лев бек, а може да игра и централно во одбраната, има одиграно 33 меча во Серија А.