Фудбалерите на ПСЖ со 0-2 го победија Олимпик Марсеј на гостински терен, а Килијан Мбапе повторно не одигра 90 минути и беше заменет. Неговиот израз на лицето доволно говори за тоа што го мисли, кога во 64-тата минута беше изваден од игра од страна на тренерот Луис Енрике.
На последните седум лигашки натпревари, Мбапе само еднаш настапи 90 минути, а на останатите беше заменет.
https://twitter.com/PVSportFR/status/1774530014005878883?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1774530014005878883%7Ctwgr%5Ef9cbcc58453e6f201a11069dfdb28944aee5087f%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fpogledajte-sok-na-licu-mbappea-nakon-poteza-luisa-enriquea%2F2552690.aspx
„Јас сум тренер, јас сум тој кој секој ден и секоја седмица носи одлуки и тоа ќе го правам до крајот на мојот престој во Париз. Секогаш го барам најдоброто решение за екипата и верувам дека сум во право.“ – рече Луис Енрике на новинарско прашање после натпреварот.
Договорот на Килијан Мбапе со ПСЖ истекува на крајот од оваа сезона, и од наредната тој најверојатно ќе го носи дресот на Реал Мадрид, па веројатно и тоа една од причините зошто не игра по 90 минути.