Шок на “Сан Сиро“: Милан заборави да победува, Удинезе првпат се израдува сезонава (Видео)

Екипата на Удинезе со целиот плен си заминува од гостувањето на “Сан Сиро“, откако го победи Милан со 0-1. Ова за Удинезе е прва победа сезона, додека Милан трет натпревар во низа не знае за победа во Серија А.

Единствениот погодок на мечот беше постигнат во 61-вата минута, откако Роберто Переира беше сигурен реализатор на најстрогата казна за Удинезе.

Милан останува на третата позиција, но сега со шест поени помалку од градскиот ривал и лидер на табелата, Интер.

- Оглас -

Најнови вести