Шок на стартот на ЕП: Грузија ја победи Португалија

Првиот ден од Европското фудбалско првенство за играчи до 21 година помина во знакот на едно големо изненадување. Грузија, која е домаќин на овој турнир, на стартот успеа да ја победи Португалија со 2:0.

Иако Португалците беа големи фаворити пред мечот, Грузија уште во првото полувреме постигна два гола, а во вториот дел успеа да се одбрани од противничките налети.

Во вториот дуел од оваа група, Белгија и Холандија ремизираа без голови. Во останатите два меча кои се играа денеска, Украина со 2:0 ја победи Хрватска, а Шпанија убедливо со 3:0 ја победи Романија.

- Оглас -

Најнови вести