Шок на стартот: Надал испадна во првото коло во градот каде што има освоено 14 гренслем-титули

Рафаел Надал е поразен уште во првото коло на Мастерс турнирот во Париз, последен во сезонава. Легендарниот Шпанец беше изненаден од 31-виот играч на светската АТП-листа, Томи Пол, и загуби со 2:1 во сетови.

За Надал ова беше прв меч по два месеца пауза и доборо започна. Го доби првиот сет со 6:3, но потоа следуваше голем пад во играта на фаворитот. Во вториот сет се играше израмнето, па по 6:6, мораше да се игра тајбрејк. Пол одлично го отвори тај-брејкот и поведе со 4:1 и таа предност ја задржа за да се израдува на 7:4 и да израмни на 1:1 во сетови.

Во решавачкиот трет сет, Надал како да загуби сила. Уште на стартот го загуби својот сервис, а потоа Пол притисна со агресивна игра. Беше 2:1 за Пол, Американецот беше сигурен на свој сервис, додека Надал загуби уште два свои сервиси, па на крајот, во решавачкиот трет сет, резултатот беше 6:1 за 25-годишниот тенисер.

Во првото коло елиминација доживеа и Данил Медведев, кој во три сета загуби од Алекс де Минор.

- Оглас -

Најнови вести