Шок на Светското првенство: Првите фаворити испаднаа уште на стартот (Видео)

Англиската двојка Лук Литлер и Лук Хампхрис важеше за главен фаворит за освојување на златниот медал на Светското првенство во пикадо. Сепак, уште на стартот се случи чудо, па Англичаните загубија од германското дуо Рикардо Пјетречко и Мартин Шиндлер.

Германскиот тим победи со импресивни 8:4, со што го направија едно од најголемите изненадувања во историјата на овој спорт. Посебно се истакна Пјетречко кој е познат по прекарот Пикачу, кој едноставно немаше респект кон англискиот двоец Лук и Лук, двајцата последни светски прваци. Младот Литлер е светски првак од последниот мундијал, а постариот Хампхрис лани триумфираше на Светското првенство.

Германија се пласираше во четвртфиналето каде место веќе имаат обезбедено Северна Ирска, Чешка, Хонг Конг, Австралија, Велс, Холандија и Шкотска.

- Оглас -

Најнови вести