Шок на „Тодор Проески“: Украина со два гола израмни, а има уште повеќе од 25 минути до крај (Видео)

За само 20-тина минути во второто полувреме Украина успеа да го стигне водството на Македонија по првото полувреме, па сега е 2:2 на арената „Тодор Проески“.

Украинците тргнаа поофанзивно во вториот дел и тоа им се исплатеше. По еден изведен корнер, Забарни со глава пласираше и ја погоди мрежата покрај немоќниот Димитриевски. За Украинците ова беше прв директен удар во рамките на голот на Македонија.

 

По овој гол, гостите продолжија да напаѓаат, па стигна и вториот погодок. Во 68 минута Конопја погоди за 2:2.

 

- Оглас -

Најнови вести