Американската тенисерка Аманда Анисимова направи големо изненадување победувајќи ја Арина Сабаленка во полуфиналето на Вимблдон. Анисимова моментално е на 12-тото место на ВТА-листата и беше аутсајдерка во дуелот против прворангираната тенисерка во светот.
Сепак, на теренот, по голема борба и три сета, Американката славеше со 6:4, 4:6 и 6:4 за пласман во првото гранслем-финале во кариерата.
“The moment of this young woman’s life” 👏
Amanda Anisimova completes an extraordinary semi-final to defeat No.1 seed Aryna Sabalenka 6-4, 4-6, 6-4 and book her spot in her first ever #Wimbledon final 💥
Take. A. Bow. ♥️ pic.twitter.com/WexH4VL2k2
— Wimbledon (@Wimbledon) July 10, 2025
Сабаленка беше прва фаворитка за трофејот, но во решавачките моменти не можеше да го пронајде вистинскиот ритам, па на крајот беше шокирана и остана без посакуваното финале.
Во борба за трофејот, во финалето Анисимова ќе ја чека подобрата од дуелот меѓу Ига Швјонтек и Белинда Бенчиќ.
Интересно е дека Анисимова во мај 2023 година реши привремено да се откаже од тенисот, но добро е затоа што брзо собра сили да се врати на теренот и сега стигна до најголемиот успех во кариерата.