Шок над шоковите: на Сенегал му е одземена титулата, Мароко е прогласен за првак на Африка!

Финалето на Африканскиот куп на нации кое се играше на 18-ти јануари, е пререгистирано со службена победа на Мароко од 3-0, објави вечерва Фудбалската конфедерација на Африка.

Ова е нечуена одлука во историјата на репрезентативниот фудбал, особено што станува збор за континентално првенство. Сенегал го доби финалето со 1-0 со гол во продолжението и на славеше титулата, жалбата на Мароко поради напуштањето на теренот од страна на сенегалските играчи за време на финалето поради незадволство од судењето и досудениот пенал за Мароко во финишот на регуларниот дел, беше прифатена.

„Жалбениот совет на КАФ пресуди дека, во согласност со член 84 од Правилникот за Африканскиот куп на нации, репрезентацијата на Сенегал е прогласена за губитник во финалето на Африканскиот куп на нации, што резултираше со резултат од 3-0 во корист на Кралската мароканска фудбалска федерација“, се вели во соопштението.

- Оглас -

Најнови вести