32.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Шок: Не излегував од дома, а сум се заразил со корона-вирусот

Дефанзивецот на Ватфорд, Адријан Маријапа, е еден од тројцата фудбалери во овој клуб што се тестирани како позитивни на корона-вирусот. Играчот на Ватфорд беше збунет како може да е позитивен на опасниот вирус затоа што како што самиот тврди, ги почитувал прописите и речиси и да не излегувал од дома во изминатиов период.

„За мене беше големо изненадување дека сум позитивен на корона-вирусот затоа што речиси и да не излегував од дома. Освен некои вежби и шетањето со децата, не правев ништо. Мојот стил на живот е исклучително мирен, не одам на забави, не излегувам во диско и навистина не знам како сум се заразил“, се прашува Маријапа.

Фудбалерот додава дека не чувствува никакви симптоми.

„Застрашувачки е тоа што цело време сум дома, а сепак сум заразен со вирусот. Ако не се вратев на тренинзите и ако не бев тестиран, немаше ни да знам дека сум позитивен на корона-вирусот и ќе продолжев со нормалното однесување и ритам на живот. Навистина е чудно како сум се заразил“, вели играчот на Ватфорд, кој следните седум дена треба да ги помине во самоизолација.

 

- Оглас -

Најнови вести