17.8 C
Skopje
среда, 6 август 2025

Шок: ненадејно почина иконата на Порто, беше капитен на тимот кој ја освои ЛШ во 2004

Екс капитенот на Порто, Жорже Коста, кој под водство на Жозе Мурињо ја освои Лигата на шампионите во 2004 година (една година пред тоа ја освои и Лига Европа), ненадејно почина на 53-годишна возраст.

Ненадејната смрт го шокираше фудбалскиот свет.

Поранешниот дефанзивец бил во тренинг базата на португалскиот клуб кога доживеал срцев удар. Познат по прекарот „Ѕверот“, помина 15 сезони со Змејовите, а потоа работеше како директор за фудбалски прашања во Порто.

Освои осум титули во португалското првенство, пет домашни купови и осум Суперкупови.

„Низ целиот свој живот, на теренот и надвор од него, Хорхе Коста ги отелотворуваше вредностите што го дефинираат ФК Порто: посветеност, лидерство, страст и непоколеблив победнички дух. Тој обележа генерации на навивачи и стана најголем симбол на клубот. Никогаш нема да бидете заборавени, капитене“, се вели во соопштението на Порто.

Соопштение со сочувство издаде и ривалот Бенфика, а пораката на Португалската фудбалска федерација „Засекогаш, капитене“ ја сподели и Кристијано Роналдо на Инстаграм.

- Оглас -

Најнови вести