Шок од Австралија, Ѓоковиќ нема да ја брани титулата во Мелбурн?

Светскиот тенис се соочува со нов голем проблем, а 2021 година може да се покаже и како уште попроблематична од 2020. Стигнаа најави од Австралија дека првиот гренслем во годината, Отвореното првенство на Австралијан, можеби нема да се одржи или дека на него ќе играат само австралиски тенисери.

Ова се потенцијално лоши вести за Новак Ѓоковиќ, кој е осумкратен освојувач на турнирот во Мелбурн и го брка рекордот на Рафаел Надал и Роџер Федерер по бројот на гренслем-титули.

Во Австралија во моментов на сила е забрана за влез на странци и напуштање на континентот на тамошните државјани, и тоа до крајот на 2021 година. Ова значи дека странските тенисери не смеат да влезат во Австралија, ниту австралиските смеат да излезат. Ова ја комплицира ситуацијата за јануарскиот гренслем, на кој требаше да има и публика со 25 проценти исполнетост на капацитетот на трибините.

Се најавува дека проблемот ќе се реши за две недели до еден месец, кога треба да се реши дали ќе се отворат границите и дали ќе смее да се организираат турнири во повеќе градови. Не е само Отвореното првенство на Австралија, во јануари се игра и АТП-купот, како и турнирите во Аделаида и Окленд.

- Оглас -

Најнови вести