Шок од Франција: Официјално сезоната е прекината!

Во Франција нема услови да се игра фудбал до крајот на август, рече премиерот Едуар Филип и со тоа официјално стави крај на надежите дека тамошното првенство може да биде доиграно. Француските тимови планираа на 11 мај да почнат со активности, па затоа денешната одлука на властите е големо изненадување.

Во текот на мај, Федерацијата и клубовите ќе треба да се состанат и да одлучат кои клубови ќе играат во европските купови и дали ќе се прогласи ПСЖ за првак и дали ќе има испаѓање.

- Оглас -

Најнови вести