3.8 C
Skopje
вторник, 20 јануари 2026

Шок на Островот: Гвардиола ќе замине од Сити уште оваа седмица?!

Се чини дека поразот во градското дерби од Манчестер јунајтед (2-0) е тешко да се преболи во редовите на Сити, па во тој правец се и најавите од Островот. Според тамошните медиуми, Пеп Гвардиола е на излезна врата од Манчестер сити, а неговата оставка или отказ ќе се случи во текот на оваа седмица.

Никогаш во кариерата на Каталонецот не се случило две сезони по ред да не освои трофеј, а откако минатата сезона беше далеку од титулата во Премиер лигата, ниту оваа не му цветаат рози и речиси нема никакви шанси да го освои трофејот.

Најавите се доколку навистина Гвардиола ги напушти Граѓаните, неговото место веднаш да го заземе Енцо Мареска, кој неодамна доби отказ во Челзи.

Иако звучи нереално дека Пеп Гвардиола нема да биде тренер на Манчестер сити, сепак Граѓаните“ имаат три нерешени и еден пораз во 2026 година на првенствените натпревари, а тоа се девет загубени бода во битката за врвот на табелата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести