Шок од Штутгарт, нивниот прв стрелец има друго презиме и година на раѓање!

Напаѓачот на Штутгарт, Силас Вамангитука, кој сезонава беше прв стрелец на Швабите, всушност и не се вика така и не е роден во 1999 година, како што се води според документите. Клубот денеска излезе со соопштение и полна поддршка до својот играч, а за проблемите со идентитетот обвинија еден агент.

Вистинското име на фудбалерот од ДР Конго е Силас Катомпа Мвумпа и роден е во Киншаса, во 1998 година. Кога имал 17 години, ја напуштил татковината и тогаш настанал проблемот. Заминал да игра во Европа, а личните податоци му ги менувал неговиот тогашен агент, кој имал целосна контрола врз банкарската сметка и пасошот на младиот фудбалер.

„Ова е тежок чекор за мене, ја откривам мојата вистинска приказна. Живеев во страв бидејќи имам семејство во Конго. Само со помош на мојот нов советник се осмелив да го направам ова. Ги охрабрувам и другите кои имале ваков проблем со агентите, да кажат јавно. Му благодарам на Штутгарт за довербата и поддршката“, рече Мвумпа, кој во Штутгарт дојде во 2019 година, а сезонава беше прв стрелец со 11 гола.

- Оглас -

Најнови вести