Челзи минатата година ја освои Лигата на конференции и се врати во Лигата на шампионите, а на тоа ја додаде и титулата од Светското клупско првенство.
Во новата сезона започнаа солидно, но според последните информации, на Енцо Мареска му се подготвува смена.
Проблемот настанал поради лошиот однос со играчите. Кол Палмер не е задоволен од позицијата на која игра, а и неколку други играчи се пожалиле дека Мареска има арогантен однос кон нив.
Раководството на клубот е свесно за ситуацијата и, според истите извори, прва желба за замена е Андони Ираола. Шпанецот е желба и на Манчестер јунајтед, кој исто така веќе размислува за наследникот на Рубен Аморим.