Шок во Амстердам, Феенорд со пресврт „еден во два“ го победи Ајакс, и оди кон титула! (Видео)

Феенорд го доби големото дерби во Амстердам против Ајакс со 3-2, и сега клубот од Ротердам е на добар пат да ја освои титулата во холандското првенство.

Феенорд 15 пати бил шампион на својата земја, а последен пат во 2017 година. После денешната голема победа, Феенорд има шест бода предност пред Копјаниците, а до крајот на сезоната има осум кола.

Попладнево на „Јохан Кројф“ арената, Феенорд поведе со 1-0, но Ајакс на полувреме замина со предност од 2-1. Сепак, гостите го имаа последниот збор, и направија пресврт со кој го шокираа Ајакс. А, Ајакс само една минута пред да го прими третиот гол, имаше одлична шанса да поведе со 3-2.

Ова е голот на Гертрајда кој можеби му носи и титула на Феенорд:

https://twitter.com/i/status/1637473657424420864

- Оглас -

Најнови вести