Шок во Астана: Ноле израмни на 1:1 во сетови против Медведев, а потоа Русинот со одлуката ги изненади сите! (Видео)

Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на турнирот во Астана, откако Данил Медведев неочекувано реши да го предаде мечот при резултат 1:1 во сетови. Дуелот беше максимално возбудлив, а првиот сет го доби Медведев со 6:4.

Во вториот сет двајцата тенисери беа сигурни на своите сервиси, па при резултат 6:6, мораше да се игра тај-брејк. И во тај-брејкот беше неизвесно. Ѓоковиќ поведе со 4:1, но Медведев се врати и стигна до 5:5, а потоа беше и 6:6. Следните два поени ги освои Србинот и го доби сетот со 8:6, а тогаш следуваше неочекувана одлука на Медведев.

Русинот дојде до мрежата, му соопшти на Ѓоковиќ дека нема да може да го продолжи дуелот и дека се предава.

https://twitter.com/i/status/1578754689113333760

„Многу сум изненаден дека Данил го предаде мечот. Делуваше сосема добро, единствено во последните неколку поени можеби делуваше малку поспоро, но навистина сум шокиран. Се надевам дека повредата нема да му е сериозна. Ми рече дека мускулот на ногата го повредил и се надевам дека за брзо време ќе биде добро“, рече Ѓоковиќ веднаш по победата.

Во финалето Ѓоковиќ ќе игра против Стефанос Циципас.

- Оглас -

Најнови вести