Шок во Атина, тешката повреда на Лесор ги расплака кошаркарите и фановите (Вознемирувачко видео)

Една од најголемите евролигашки ѕвезди, францускиот центар Матијас Лесор, вечерва на дуелот на Панатинаикос против Басконија при еден доскок се здоби со тешка повреда на левата нога, стапалото му се сврте за 180 степени.

Лесор и сите во салата беа во шок, расплакани беа и противничките играчи, како и некои од присутните во „ОАКА“.

Најголемиот шок се случи кога после неколкуминутна лекарска помош, храбриот Лесор стана и со потскокнување на една нога замина кон соблекувалната за што доби овации. Јасно е дека му претстои долга пауза, а неговото отсуство ќе биде голем хендикеп за европскиот првак.

- Оглас -

Најнови вести