Шок во Барселона: Атлетико даде два гола во првите пет и пол минути (Видео)

Атлетико Мадрид неочекувано брзо и лесно поведе со 2:0 против Барселона, и тоа на гостински терен во првиот меч од полуфиалето на Купот на Шпанија. Гостите од Мадрид поведоа со голот на Хулијан Алварес уште само по 47 секунди игра.

Пред голот на Алварес, Атлетико имаше една шанса, но голманот на Барселона одбрани, а по изведениот корнер, гостите поведоа со 1:0.

Барселона уште не беше соземена од шокот, кога Атлетико постигна и втор гол. Кунде згреши во едно додавање, топката ја пресече Алварес, кој одлично го проигра Антоан Гризман, а некогашниот играч на Барселона, овојпат погоди за водство на Атлетико Мадрид со 2:0, и тоа само по пет и пол минути игра.

- Оглас -

Најнови вести