Шок во Белград, прв пораз на Партизан во АБА лигата

После точно еден месец, кошаркарите на Партизан повторно претрпеа пораз, но овојпат не во Евролигата, туку во меч од регионалната АБА и тоа дома против Будуќност.

Црногорскиот тим победи со 97-90 и тоа е прв пораз за Црно-белите сезонава во ова натпреварување, но останаа први на табелата бидејќи нивните главни ривали Црвена ѕвезда и Будуќност имаат по два порази.

Претходниот пораз на Партизан беше на 15-ти ноември, имаа низа од осум победи по ред во сите натпреварувања, но вечерва таа серија е запрена и тимот на Жељко Обрадовиќ ги разочараа оние нешто над 10.000 навивачи присутни во белградската Арена.

- Оглас -

Најнови вести