Шок во финалето на Купот на Србија, Чукарички поведе против Ѕвезда со гол од корнер (Видео)

Чукарички има предност од 1-0 против Црвена ѕвезда по првото полувреме во финалето на Купот на Србија и тоа голот беше спектакуларен и постигнат директно од корнер, но за комплетирање на сензацијата, ќе мора да издржат уште долги 45 минути, можеби и повеќе, ако има продолженија или пенали.

Марко Доциќ е јунакот на тимот од белградското Баново Брдо, а капитенот и голман на Ѕвезда, Милан Борјан, е трагичарот на Црвено-белите, кои се домаќини бидејќи финалето се игра на нивниот стадион.

Погледнете каков гол даде популарната Чука, која пред девет години првпат го освои купот на Србија:

- Оглас -

Најнови вести