Шок во италијанската репрезентација на еден ден пред мечот со Турција (Видео)

Италија е еден од главните фаворити за освојувањето на титулата европски првак. Некогашниот европски и повеќекратен светски првак утре, на отворањето од Европското првенство, ќе игра против Турција во Рим на „Олимпико“. Популарните Аѕури немаат пораз на последните 26 меча, што само го потврдува нивниот квалитет.

На еден ден пред почетокот на турнирот, стигна вест која го вознемири селекторот Роберто Манчини. На вчерашниот тренинг се повреди Лоренцо Пелегрини, а денеска беше потврдено дека тој сигурно ќе го пропушти ЕП. Пелегрини се повреди во последните минути од тренингот.

Во кампот на репрезентацијата пристигна и претседателот на Фудбалската федерација на Италија (ФИГЦ), Габриеле Гравина. Првиот човек на ФИГЦ ги поздрави сите играчи, а посебно поддршка му даде на Пелегрини. Од ФИГЦ побараа на местото на повредениот Пелегрини да биде повикан нов фудбалер, а тоа најверојатно ќе биде играчот за врска на Фиорентина, Гаетано Кастровили.

 

- Оглас -

Најнови вести