Деле Али, фудбалерот на Тотенхем и англиската репрезентација, бил ограбен од вооружени крадци кои влегле кај него дома и му ставиле нож под грло. Фудбалерот примил удар со тупаница, а на лицето имал и посекотина од ножот.
Деле нема посериозни повреди. Двајца мажи влетале во дворот на куќата на играчот во Лондон. Деле Али, кој има 24 години и живее со девојката Руби, а во моментот таму бил и неговиот брат со девојката, се обидел да се брани, но тогаш бил удрен во пределот на устата и исечен, но не побарал лекарска помош. Биле украдени часовници и злато во вредност од илјадници фунти.
Нападот и кражбата се случиле се случиле синоќа, 30 минути по полноќ. Засега нема осомничени и уапсени.