Карлос Алкарас беше главниот адут на Шпанците за триумф на Мастерс во Мадрид, но најверојатно младиот тенисер воопшто нема да настапи на турнирот. Според најавите на радиостаниците КОПЕ и СЕР, Алкарас денеска и официјално ќе објави дека ќе се повлече од турнирот.
Officiel : La conférence de presse de Carlos Alcaraz aura lieu à 12h30. 🚨👀
Selon certains médias espagnols, le n°3 mondial devrait annoncer son FORFAIT pour le tournoi de MADRID… 🥶❌️ pic.twitter.com/liWExU998f
— Monde Du Tennis (@mondedutennis) April 24, 2025
Шпанецот овој месец стигна до првата титула на Мастерсот во Монте Карло, а пред пет дена загуби во финалето на турнирот во Барселона, кога загуби од Холгер Руне. Алкарас вчера најави дека не е целосно подготвен.
„Одработив неколку проби и чекам да видам што ќе се случи. На почетокот на неделата мислев дека ќе биде подобро, но телото ми е иритирано. Затоа морам да почекам какви ќе бидат резултатите од тестовите. За мене Мадрид е едно од местата во коишто најмногу уживам“, рече Алкарас, кој потенцираше дека многу е веројатно дека нема да може да настапи на турнирот во неговата родна земја.