32.8 C
Skopje
вторник, 12 август 2025

Шок во Мајами: Познат француски тенисер се струполи на сред меч (Видео)

Францускиот тенисер Артур Казо не успеа да го доигра мечот против Харолд Мајо во квалификациите на Мастерс-турнирот во Мајами. Се играше третиот сет од мечот, кога Казо ненадејно колабира на теренот.

Сите беа во шок, а веднаш реагираше и лекарската екипа. Се претпоставува дека причина за овој инцидент е истоштеноста на тенисерот поради големата жештина. Во Мајами температурата се движи и над 35 степени, а мечот на кој играше Казо веќе траеше повеќе од два часа и 10 минути.

Французинот кој е на 74-тото место на АТП-листата на крајот службено го загуби мечот од тенисерот кој е на 141-вата позиција на светската листа.

https://twitter.com/i/status/1769831571228430803

- Оглас -

Најнови вести