Шок во Манчестер: Гвардиола ќе си замине од Сити, познато е и кој ќе го наследи?!

Пеп Гвардиола и Манчестер сити имаат договор со важност од уште 18 месеци, но медиумите на Островот само на еден ден пред градското споделуваат шокантна информација.

Според нив, Каталонецот на крајот од оваа сезона и дефинитивно ќе си оди од Манчестер сити, без оглед дали клубот ќе биде шампион на Англија или не, а заминувањето нема да зависи ниту од евентуални трофеи во останатите натпреварувања.

Четворица тренери се споменуваат како можни наследници на Пеп Гвардиола. Тоа се Енцо Мареска ,кој неодамна доби отказ во Челзи, Микел Артета од Арсенал, како и Винсан Компани од Баерн Минхен.

Сепак, едно име се издвојува и се смета за прв фаворит за наследник на Каталонецот, а тоа е актуелниот тренер на Борнмут, Андони Ираола. Според британските медиуми, раководството на Граѓаните е воодушевено од неговата работа и токму во него гледаат наследник на Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести