Неверојатен пропуст направи Формула 1 тимот на Ферари, кој му го уништи домашното гран-при на Шарл Леклер во Монако. Леклер беше мотивиран во својот град да дојде можеби и до пол-позицијата и со тоа да си го отвори патот до добар пласман на утрешната трка, но откако комплетирапе круг за 7 десетинки послабо време од најдобриот во првата сесија, тој не се појави повторно на патеката и тоа беше кобно.
Дали во Ферари направија лоша проценка и сметаа дека времето на Леклер е доволно за да влезе во првите 15 за втората квалификациска сесија, или има и причина од механичка природа, веројатно ќе се објави подоцна. Сега единствен адут на италијанскиот тим останува Себастијан Фетел кој во последен момент го истисна клупскиот колега на катастрофалната 16-тата позиција.