Шок во НБА: Лилард доби отказ, но ќе заработи и 113 милиони долари

Екипата на Милвоки бакс објави шокантна вест, а тоа е дека Демијан Лилард повеќе не е дел од клубот. Лилард заедно со Јанис Адетукомбо беа главни ѕвезди во тимот во сезоната која што помина, но во финишот од сезоната ја скина Ахиловата тетива и го чека долга пауза.

Токму оваа тешка повреда веројатно беше главна причина Милвоки да се одлучи да го отпушти Лилард. Освен што му даде отказ, Милвоки на Лилард ќе треба да му исплати 113 милиони долари, колку што му следуваше според договорот. Овие пари ќе бидат исплатени во период од пет години.

Со отпуштањето на Лилард, Милвоки ослободи место во буџетот за потпис со одличниот центар Мајлс Тарнер кој минатата сезона играше во Индијана пејсерс. Тарнер ќе заработи 107 милиони долари за четири години во Милвоки.

Лилард во Милвоки минатата сезона одигра 58 меча во кои имаше просек од 24,9 поени, 7,1 асистенции и 4,7 скока по меч.

- Оглас -

Најнови вести