Фудбалска Полска е во шок и тага, откако ненадејно почина помошник селекторот на репрезентација, Јачек Магера. Некогашниот дефанзивец немал никакви претходни здравствени проблеми, а утрово рано наутро околу 7 часот излегол надвор да трча и вежба.
Додека Магера трчал во паркот Грабишињски во градот Вроцлав, ненадејно му се слошило и паднал. Веднаш била повикана Брза помош и Магера бил однесен во болница, каде лекарите еден час се обидувале да го реанимираат и да го спасат, но за жал на крајот се случило најлошото.
Сопругата на Јачек била загрижена кога видела дека нејзиниот сопруг не се вратил навреме од утринското трчање, а подоцна ја дознала трагичната вест.
Магера кој имаше само 49 години, пред помалку од две недели ја имаше последната активност со селекцијата на Полска. Во баражот за пласман на СП 2026, Полска прво ја победи Албанија со 2:1, но во финалето на 31 март, загуби на гости од Шведска со 3:2.

