Шок во САД – познат бејзбол-играч пронајден мртов во хотелска соба

Играчот на Лос Анџелес енџелс, Тајлер Скагс, пронајден е мртов во хотелска соба во Саутлејк, каде што престојувал во пресрет на натпреварот од МЛБ-лигата помеѓу ЛА енџелс и Тексас ренџерс. Според полицијата, која дошла во хотелот „Хилтон“ по пријава за човек во безсознание кој не дава знаци на живот, немало траги на насилство на неговото тело и веројатно причината за смртта е срцев удар.

Фрлачот Скагс имаше 27 години, беше оженет, а во МЛБ-лигата играше од 2012 година. Веројатно не станува збор ниту за самоубиство, но допрва треба да се утврди како починал. Поради неговата смрт, натпреварот помеѓу Тексас и Лос Анџелес беше одложен.

- Оглас -

Најнови вести