Шок во синиот дел на Ливерпул: Евертон ја доби највисоката казна во историјата на Премиер лигата

Екипата на Евертон ја доби највисоката казна во историјата на англиската Премиер лига и веќе му се одземени 10 бода. Ваквата одлука предизвика шок и неверување на „Гудисон парк“, па од клупското раководство веднаш најавија дека ќе се жалат.

Веќе подолго време се водеше истрага против Сините од Ливерпул за прекуршување на финансискиот ферплеј, а клубот веќе неколку години има сериозни финансиски проблеми.

Доколку ваквата одлука остане на сила, тогаш Евертон ќе падне на делба на последната позиција на табелата со четири бода, колку што има и Барнли, и ќе се најде во сериозни проблеми за да го обезбеди опстанокот оваа сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести