Машката репрезентација на САД во хокеј остана без медал на Олимписките игри во Пекинг откако беше елиминирана во четвртфиналето. Американците неочекувано беа поразени од Словачка, и тоа по изведување на пенали, откако по регуларниот дел беше 2:2.
Словаците први дадоа гол и најавија дека веруваат во чудо, но САД израмни за 1:1 по првата третина. Во втората третина, фаворитот поведе со 2:1 и се чинеше дека САД ја има контролата на играта. Вистинска драма се случи во последната минута од мечот, односно во третата четвртина, кога Словаците буквално во последниот напад со голот на Хривник израмнија на 2:2 и се изборија за продлженија.
Во дополнителното време немаше погодоци, па мораа да се изведуваат пенали. Американците ги промашија сите пет пенали, па на Словачка доволно ѝ беше тоа што погоди Чехларик во четвртата серија и се пласира во полуфиналето.
Место во полуфиналето има и за Русија, која без многу проблеми со 3:1 ја елиминира Данска.