Шок за Американците, Уругвај ја растури Боливија (Видео)

Домаќинот на овогодинешниот турнир на Копа Америка, репрезентацијата на САД доживеа непријатно изненадување откако со 2:1 загуби во пресметката со Панама, во рамките од второто коло на групната фаза. Американците беа големи фаворити за победа, па брзо дадоа гол, но беше поништен по сигнализација на ВАР системот.

Во 18 минута Американците останаа со играч помалку кога Веа заработи директен црвен картон. И со човек помалку во поле, САД прв даде гол и тоа во 22 минута. Сепак, Панама брзо возврати и три минути подоцна беше 1:1 кога погоди Блекмен.

Во продолжение на дуелот, Американците губеа сила, а Панама се повеќе напаѓаше, па во 83 минута се случи целосен пресврт. Фахардо погоди за водство на Панама од 2:1. Во последните минути од дуелот и кај Панама беше исклучен еден играч, но оваа селекција ја задржа предноста и победи со 2:1.

Уругвај покажа зошто е апсолутен фаворит против Боливија и победи убедливо со 5:0. Пет гола и пет различни стрелци имаше на овој меч, по кој некогашниот двократен светски првак си го обезбеди пласман во нокаут фазата.

 

- Оглас -

Најнови вести