Италијанските репрезентативци Николо Ѕаниоло и Сандро Тонали се наоѓаат под полициска истрага и поради сомнежи дека се вмешани во илегално обложување, потврди Фудбалската федерација на Италија.
Во соопштението на Федерацијата, исто така се наведува дека поранешните фудбалери на Рома и Милан, а сега членови на Астон вила и Њукасл, биле испрашувани во кампот на Аѕурите во Коверџано, кој се наоѓа во близина на Фиренца.
Потоа играчите ја напуштиле репрезентација и нема да играат во квалификациските мечеви за пласман на ЕП 2024 против Малта и Англија.
Италијанската полиција го испрашувала и Фабрицио Корона, кој е директор на фотографска агенција и е еден од сведоците во целиот случај и токму тој и рекол на полицијата дека Тонали и Ѕаниоло илегално се обложувале на фудбалски натпревари. Корона рекол дека Ѕаниоло во моментите кога го носел дресот на Рома, се обложил токму на меч на Римската волчица во Купот на Италија.