14.8 C
Skopje
петок, 21 ноември 2025

Шок за Баерн: УЕФА го суспендира Луис Дијас на три меча во Лигата на шампионите

Крилниот фудбалер на Баерн Минхен, Луис Дијас, доби суспензија од три натпревари поради црвениот картон што го заработи на дуелот со Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите. Според „Билд“, оваа одлука на дисциплинската комисија на УЕФА непријатно го изненадила раководството на Баварците, кое очекувало стандардна казна од еден натпревар.


Од „Алијанц Арена“ побарале од УЕФА писмено образложение за одлуката за да можат да поднесат жалба.

Ако Баерн не успее да ја намали казната на Луис Дијас, тоа ќе значи дека тимот ќе биде без Колумбиецот на натпреварите против Арсенал, Спортинг Лисабон и Ројал Унион Сен Жил.

Поранешниот играч на Ливерпул е во одлична форма од почетокот на сезоната, постигна 11 гола и запиша пет асистенции во сите натпреварувања. На мечот против ПСЖ (2-1) ги постигна двата гола за својот тим, но беше исклучен токму пред полувремето поради бесмислен и многу груб прекршок над Ашраф Хакими.

- Оглас -

Најнови вести