Серхио Агуеро мораше предвреме да го напушти теренот на „Камп Ноу“, откако напаѓачот на Барселона наеднаш почувствува проблеми со дишењето. Аргентинскиот напаѓач во еден момент се фати за градите и се пожали дека не може да дише.
Додека да дојде лекарската екипа, Агуеро падна на тревата, а потоа мораше да биде заменет.