Италијанскиот тренер Роберто де Ѕерби налето ќе биде еден од најбараните стратези, но тој веќе испланира каде ќе ја продолжи кариерата и тоа сигурно нема да биде Барселона, објавија англиските медиуми.
Според весникот „Гардијан“, челниците на Барселона го контактирале актуелниот менаџер на Брајтон за да седне на клупата на каталонскиот тим од следната сезона, но добиле шокантен одговор.
Наводно Де Ѕерби ја одбил нивната понуда бидејќи сака да го наследи Маурисио Покетино на клупата на Челзи, кој игра очајно во последниве две сезони откако беше купен од американскиот милијардер Тод Боли.