Шок за Барселона, не може да регистрира ниту еден од новите играчи, плус двете ѕвезди кои ги обновија договорите

Челниците во шпанското првенство нема да дозволи Барселона да ги регистрира своите нови засилувања и фудбалерите кои ги продолжија договорите во пресрет на новата сезона.

Според пишувања на повеќе светски медиуми, каталонскиот гигант нема да може да ги регистрира Левандовски, Рафиња, Кесие,Кристенсен и Кунде кои летово го облекоа дресот на Барселона, како и Дембеле и Роберто кои потпишаа нова соработка со клубот од „Камп Ноу“.

Причина поради која фудбалерите не може да бидат регистрирани е дефицитот што го има клубот во однос на заработени и потрошени средства во последниот период. Доколку Барселона не покаже приход на средства по разни основи, односно да се ослободи од некои расходи, тогаш може да се случи вистински шок за фановите на овој клуб.

- Оглас -

Најнови вести