Шок за Барселона, не може да го регистрираат Дани Олмо!

Каталонскиот гигант Барселона се најде во огромни проблеми откако Комерцијалниот суд ја одби регистрацијата на Дани Олмо. Шпанскиот репрезентативец како големо засилување летоска пристигна во Барселона од тимот на Лајпциг.

Барселона за Олмо плати 60 милиони евра, а Олмо во есенскиот дел беше еден од најдобрите играчи кај тренерот Ханси Флик. Откако е одбиена неговата регистрација, клубот в понеделник на 30 декември сигурно ќе вложи жалба на таа одлука, но тоа е буквално последен обид за спас бидејќи рокот за пријавување на играчи е до 31 декември.

Доколку Барселона не успее да го регистрира Олмо за вториот дел од сезоната, фудбалерот веќе од 1 јануари ќе може да си замине и да потпише за друг клуб.

- Оглас -

Најнови вести