Шок за Барселона, најверојатно заврши сезоната за Луис Суарес

Операцијата на менискусот на коленото на десната нога, за фудбалерот на Барселона, Луис Суарес, значи пауза од минимум четири месеци. Ова го објавија од Барселона. Напаѓачот нема да може да игра практично до крајот на сезонава, па олеснителна околност за Барса е што ова се случи во јануари, па може да купат напаѓач во зимскиот преоден рок.

Суарес беше клучен играч на каталонците на последните мечеви, редовно беше стрелец или асистент на последните десет погодоци, и затоа неговото отсуство е сериозен хендикеп. Уругваецот даде 14 гола на 23 меча сезонава, а со седум асистенции, тој е најуспешен местач на голови во шпанската лига.

Барса во нападот ги има Меси, Гризман, Дембеле, Карлес Перес и Фати, но веројатно ќе купи некој офанзивец. Лани направија голема грешка со Кевин Принс Боатенг, останува да се види кого ќе донесат сега.

 

- Оглас -

Најнови вести