Репрезентацијата на Словачка приреди првокласна сензација, откако попладнево ја совлада Белгија со минимални 1-0. За Словачка ова е прва победа во историјата против Белгија, со што на Белгијците им ја прекинаа серијата од 15 натпревари без пораз.
Единствениот гол на мечот беше дело на Шранц уште во седмата минута, а во второто полувреме ВАР-системот му поништи два гола на Ромелу Лукаку. Најпрво во 56-тата минута поради офсајд-позиција, а потоа и во 87-мата минута, кога по прегледувањето на снимката беше утврдено дека имало играње со рака од Опенда во текот на акцијата.